• среда, 13 ноември 2024

Скопските средношколци го одбележаа Меѓународниот ден на среќата

Скопските средношколци го одбележаа Меѓународниот ден на среќата

Скопје, 20 март 2024 (МИА) - Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска заедно со учениците од 23-те градски средни училишта денеска на плоштадот Македонија по повод Меѓународниот ден на среќата на случајните минувачи им подаруваа скромни рачно изработени подароци за инспирација, среќни и радосни мигови, истакнувајќи го значењето на овој меѓународен ден кој ја промовира среќата, радоста и благосостојбата, информираат од Град Скопје. 

-Во изработката на подароците учествуваа ученици од 23-те средни училишта на Град Скопје, кои истовремено со иновативни креации ги украсија и дрвените куќарки на плоштадот. За позитивната атмосфера на денешниот настан се погрижија учениците од скопските средни училишта „Здравко Цветковски“ и „Раде Јовчевски Корчагин“, велат од Градот.вј/лв/

Фото: Град Скопје

Остани поврзан