• сабота, 09 ноември 2024

Скопските градоначалници со предлог до Владата за одземање на ингеренциите на jавните претпријатија Kомунална хигиена и Паркови и зеленило

Скопските градоначалници со предлог до Владата за одземање на ингеренциите на jавните претпријатија Kомунална хигиена и Паркови и зеленило

Скопје, 14 август 2024 (МИА) – Градоначалниците на скопските општини на денешниот координативен состанок донеле одлука да се достави предлог до Владата и до Министерството за животна средина да ги одземат ингеренциите на јавните претпријатија за Комунална хигиена и паркови и зеленило.

Како што информираше градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, по денешниот координативен состанок, донеле одлука да побараат предавање на обврските на општините.

- Бараме Владата да назначи владин повереник и да и започне процес на расформирање на овие две јавни претпријатија и предавање на обврските на општините, рече Ѓорѓиевски.

Toj информираше дека на состанокот на кој разговарале околу состојбите со градот и нефункционалноста на претпријатијата присуствувале сите скопски градоначалници, освен двајца кои биле на одмор, но имало нивни претставници. бд/ар/
Фото: МИА архива 

Остани поврзан