• среда, 27 ноември 2024

Скопскиот регион во БДП учествува со 43,9 проценти, Североисточниот со 4,9 проценти

Скопскиот регион во БДП учествува со 43,9 проценти, Североисточниот со 4,9 проценти
Скопје, 22 ноември 2022 (МИА) - Минатата година најголемо учество во бруто-домашниот производ на Северна Македонија има Скопскиот регион со 43,9 проценти, додека најмало учество има Североисточниот регион со 4,9 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Поголем бруто-домашен производ по жител, во споредба со просекот на Република Северна Македонија, имаат Скопскиот регион со индекс 132.9, Југоисточниот регион со индекс 107.5, Вардарскиот регион со индекс 104.0 и Источниот регион со индекс 102.0.  Сите други региони имаат бруто-домашен производ под просекот на Република Северна Македонија. Според податоците на ДЗС, во 2021 година, во државава се реализирани 162 392 милиони денари инвестиции во основни средства, што е за 12,4 проценти повеќе во однос на 2020 година. Најголемо учество во вкупните бруто-инвестиции во основни средства минатата година и понатаму има Скопскиот регион со 55,9 проценти, а најмало е учеството на Североисточниот регион со 4,3 проценти. Споредено со 2020 година, пораст на инвестициите во основни средства е забележан во Полошкиот регион за 77,1 процент, Североисточниот регион за 64,1 процент, Пелагониски Регион за 52 проценти, Југоисточниот за 22,2  проценти, Скопскиот за 5,8 проценти и Југозападниот за 5,4 проценти. лв/нд/

Остани поврзан