„Скопска Новогодишна приказна“ во Општина Кисела Вода
- Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски во обраќањето пред присутните посакал здравје, лична и семејна среќа, многу успеси. Новата 2025, градоначалникот посакал да биде година на поубави можности и остварени соништа.
Скопје, 1 јануари 2025 (МИА) - Под насловот „Скопска Новогодишна приказна“, синоќа пред салата „Расадник“, Општина Кисела Вода организираше новогодишна прослава, што собра илјадници жители од општината и Скопје, соопштија попладнево од локалната самоуправа.
Публиката имала можност да ги чуе „Куку Леле“, Игор Џамбазов, „Гуру Харе бенд“, „ДНК“, Врчак, Лозано.
Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски во обраќањето пред присутните посакал здравје, лична и семејна среќа, многу успеси. Новата 2025, градоначалникот посакал да биде година на поубави можности и остварени соништа.
Претходно, имало и дел за најмладите посетители.
- Програмата почна со настап на балетското студио „Лебед“, продолжи со Бисера Мојаноска и театарската група „Театар за тебе“. Малите посетители уживаа во веселите настапи на „Поточиња“, аниматорите и Дедо Мраз, кој овој пат беше во друштво на ликот Гринч, се наведува во соопштението.
Сите присутни деца добиле празнични пакетчиња. бд/лв/
Фото: Општина Кисела Вода