• четврток, 26 декември 2024

Скопска Апелација ги одби жалбите на обвинетиот во случајот „Алфа“

Скопска Апелација ги одби жалбите на обвинетиот во случајот „Алфа“

Скопје, 8 февруари 2023 (МИА) - Апелациониот суд Скопје постапувајќи по кривичниот предмет во јавноста познат како „Алфа “, по одржана јавна седница, донесе пресуда со која ги одби жалбите на обвинетиот А.Д. од С. и ја уважи жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје.

-Пресудата на Основниот кривичен суд Скопје ја преиначи во делот на одлуката за изречената кривична санкција, а по службена должност и во делот за засметување на притворот, така што обвинетиот А.Д. од С. кој со првостепената пресуда е огласен виновен за едно кривично дело „убиство“ од член 123 став 2 точка 7 в.в со член 22 од Кривичниот законик и две кривични дела „убиство“ од член 123 став 2 точка 7 в.в со член 19 и член 22 од Кривичниот законик, сите казниви по член 123 став 3 од Кривичниот законик, се осудува на казна доживотен затвор. се наведува во денешното соопштение од Апелационен суд Скопје.

Вака донесената одлука објавена е во целост на веб страната на судот. дма/нд/

 

 

Остани поврзан