• среда, 25 декември 2024

Скопската полиција изрече санкции на 130 возачи во Сарај и Ѓорче Петров

Скопската полиција изрече санкции на 130 возачи во Сарај и Ѓорче Петров
Скопје, 2 јуни 2021 (МИА) - СВР Скопје, денеска спроведе зајакната акциска контрола во делот на сообраќајот на територијата на општините Ѓорче Петров и Сарај, при што се санкционирани 130 возачи, соопштија од скопката полиција. -  Од нив 16  управувале возило без возачка дозвола, а 22 управувале со брзина поголема од дозволената. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите и заеднички да придонесеме за поголема безбедност, информираат од СВР Скопје. оџ/сп/  

Остани поврзан