• недела, 28 јули 2024

Скопската населба Керамидница и околината утре без вода

Скопската населба Керамидница и околината утре без вода

Скопје, 27 мај 2023 (МИА) - Корисниците од населбата Керамидница, дел од улицата „Киро Глигоров“ од крстосницата со улицата „Перо Наков“ до мостот „Близнаци“ и делот од улицата „Перо Наков“ до Металски завод Тито утре од 8:00 часот ќе останат без водоснабдување. 

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, причина за прекинот во водоснабдувањето е промена на два затворача со пречник од 500 милиметри на крстосницата меѓу улиците „Киро Глигоров“ и „Перо Наков“.

-Водоснабдувањето ќе биде прекинато се до санирањето на дефектот, а во меѓувреме ќе биде обезбедена цистерна со питка вода која ќе биде стационирана во паркингот на „Бриколаж“, посочуваат од јавното претпријатие. вј/аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан