• четврток, 26 декември 2024

Скопската вода добра за пиење, покажуваат најновите испитувања

Скопската вода добра за пиење, покажуваат најновите испитувања

Скопје, 27 мај 2024 (МИА) - Водата во Скопје е добра за пиење, покажуваат резултатите од најновиот извештај на скопското Јавно претпријатие „Водовод и канализација“.

Претпријатието попладнево го објави извештајот за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализи спроведени во Секторот за санитарна контрола.

Од 20 до 23 мај, Секторот за санитарна контрола зел 156 примероци за физичко-хемиска и уште толку за микробиолошка анализа на вода за пиење од 43 мерни места во градот.

- Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење - Службен весник на РМ, број 183/18, се посочува во денешното соопштение. бд/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан