• недела, 29 декември 2024

Склучен најголемиот енергетски договор во 2020 година

Склучен најголемиот енергетски договор во 2020 година
Абу Даби, 24 јуни 2020 (МИА) - Конзорциум составен од шест глобални инвеститори и Националната нафтена компанија Абу Даби (АДНОЦ) потпишаа договор во висина од 20,7 милијарди американски долари. Договорот предвидува вложување во конзорциумот во износ од 10,1 милијарда долари за удел од 49 проценти во новоформираната филијала „АДНОЦ гасоводи“ и со право на закуп на 38 цевоводи. АДНОЦ ќе има мнозински удел во новоформираната компанија од 51 отсто и ќе има сопственост над гасоводите. Исто така ќе управува со компанијата и ќе биде надлежен за капиталните расходи. - Оваа е најголема инвестиција во енергетската инфраструктура во регионот на Персиски Залив и во светот за 2020 година, се наведува во соопштението на државната нафтена компанија од Абу Даби. Во конзорциумот се компаниите „Глобал инфрастракчер партнерс“, „Брукфилд асет менаџмент“, сингапурскиот суверен фонд ГиЦ,, канадскиот „Онтарио тичерс пеншен план борд“, „НХ инвестмент & секјуритис“ и „Снем“. ми/

Остани поврзан