• среда, 04 март 2026

Складиште за гориво во Абу Даби погодено од дрон

Складиште за гориво во Абу Даби погодено од дрон

Абу Даби, 2 март 2026 (МИА) - Пожар избувна во складиште за гориво во Абу Даби откако објектот беше погоден од дрон, објави Канцеларијата за односи со јавноста на Абу Даби.

Пожарот во терминалот за складирање гориво Мусафа во главниот град на Обединетите Арапски Емирати беше „брзо ставен под контрола“, соопштија властите.

Нема извештаи за повредени, а според соопштението за јавноста, „немало влијание врз работењето на фабриката“.

Иран како одговор на нападите меѓу САД и Израел, почна одмазднички напади низ целиот регион, насочени кон американските бази и земјите од Заливот. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан