• среда, 25 декември 2024

Скитот „Свети Кирил и Методиј“ летна оаза за едукативни авантури и духовно богатење

Скитот „Свети Кирил и Методиј“ летна оаза за едукативни авантури и духовно богатење

Дебар, 2 август 2024 (МИА) - Скитот „Свети Кирил и Методиј“,  кој е сместен во прекрасниот предел и подножје на планината Дешат, над долнореканското село Битуше, деновиве повторно беше место каде што се собраа поголем број деца од целата наша држава.

Тие беа дел од детскиот летен камп по веронаука организиран по иницијатива на  епископот Антаниски г. Партениј, игумен на Бигорскиот манастир.

-Деновите поминаа во атмосфера на непосредна радост и дружба, овој пат со најмладите, кои низ едукативни работилници и спортски игри, потоа рекреација што во изобилие ја нуди овој живописен планински предел, како и неизоставните часови по Вероучение, научија значајни нешта за возвишениот христијански морал, информираа од Бигорскиот манастир.

Додаваат дека особено важни за нив биле и поуките дадени во поглед на живата социјална интеракција и другарувањето, кои во современ контекст недостасуваат меѓу децата.

Од манастирот искажуваат благодарност за донаторите Лакталис, Жито Лукс, Жито Полог, Кристал 1923, Драни Премуим, Витаминка, Куќа на Мијаците, Просветно дело, издавачка куќа „Ѓурѓа“ и многуте добронамерни граѓани кои дале свој придонес во реализацијата на овие школи. вт/нд/

Фото: Бигорски манастир

Остани поврзан