• четврток, 26 декември 2024

Скендер Реџепи најави формирање на нова политичка партија

Скендер Реџепи најави формирање на нова политичка партија

Скопје, 29 август 2023 (МИА) – Независниот пратеник Скендер Реџепи, кој недоамна ја напушти партијата Алтернатива, најави дека ќе формира нова политичка партија.

Формирањето нова партија, Реџепи во гостувањето на ТВ 21, рече дека доаѓа како резултат на незадоволството во Алтернатива, бидејќи, појаснува тој, како партија не му дале можност за промени внатре во партијата.

- Бидејќи не се гледам себеси кај ниту еден политички субјект, бидејќи верував дека во Алтернатива треба да работам, бидејќи моето излегување потврди дека промената мора да се направи, но кога видов дека тоа не може да се случи, така да веројатно ќе почнам ново политичко патување заедно со структурите кои ги имаме. Ќе им подадам рака за соработка на тие кои излегоа од Аалтернатива, заедно да почнеме ново политичко патување, вели Реџепи, во интервју за ТВ 21.

Според Реџепи, иако можеби бројот на албански политички партии во нашето општество се чини голем, тој смета дека по „прв пат во историјата на плурализмот може да се случи Албанците да одат со два табора на избори“.

- За жал, можеби изгледаат дека се многу во нашето општество, и реално е така, но за среќа, вака почнува политичкото смирување и за среќа до следните избори ќе се оди на два блока, каде за прв пат во историјата на плурализмот може да се случи Албанците да одат со два табора на избори, изјави Реџепи. аа/вг/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан