Скај њуз: Помалку затворски казни во Англија и Велс поради преполните затвори
- Затворите во Англија и Велс се соочуваат со пренатрупаност, поради што владата размислува за реформи во казнената политика што треба да го намалат бројот на затвореници за повеќе од 10 отсто до 2028 година.

Лондон, 10 април 2025 (МИА) - Затворите во Англија и Велс се соочуваат со пренатрупаност, поради што владата размислува за реформи во казнената политика што треба да го намалат бројот на затвореници за повеќе од 10 отсто до 2028 година.
Според Скај њуз, независната ревизија на политиката за казнување, предводена од поранешниот министер за правда Дејвид Гаук, ќе предложи неколку клучни промени, вклучувајќи ограничување на употребата на кратки казни, поширока употреба на алтернативни санкции и намалување на бројот на жени во затворите.
Во затворите во Англија и Велс моментално се наоѓаат 87.938 лица. паг/
Фото: МИА архива