• вторник, 12 ноември 2024

Си Џинпинг упати сочувство до Иран: Кина загуби добар пријател

Си Џинпинг упати сочувство до Иран: Кина загуби добар пријател

Пекинг, 20 мај 2024 (МИА) - Кинескиот претседател Си Џинпинг упати сочувство до Иран, изразувајќи жалост за смртта на Ебрахим Раиси и Амир Абдолахиан, соопшти Министерството за надворешни работи на Пекинг.

Си рече дека Раиси во голема мерка придонел за мирот и стабилноста во Иран и одиграл важна улога во консолидирањето на кинеско-иранското стратешко партнерство, соопшти Министерството.

„Неговата несреќна смрт е голема загуба за иранскиот народ, а Кина загуби добар пријател. Кинеската влада и кинескиот народ го негуваат пријателството меѓу Кина и Иран. Кина ќе продолжи да го продлабочува и развива ова партнерство. Кина покажа голема загриженост поради овој инцидент и вети дека ќе го поддржи Иран на кој било начин“, се додава во соопштението. паг/

Фото: МИА архива
 
 


 

 
 

 

 

Остани поврзан