• среда, 25 декември 2024

Си Џинпинг повика на голема мировна конференција за Газа

Си Џинпинг повика на голема мировна конференција за Газа

Пекинг, 30 мај 2024 (МИА) - Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска повика да се организира голема мировна конференција за изнаоѓање решение за конфликтот во Појасот Газа.

Кинескиот лидер го упати својот апел на форумот во Пекинг на кој присуствуваа арапски лидери и дипломати.

-Блискиот исток е со големи изгледи за развој, но таму се уште беснее војна. Војната не може да трае вечно. Правдата не може да отсуствува вечно, рече Си во врска со војната во Појасот Газа.

Кинескиот претседател истакна дека е потребно „решение со две држави“ за израелско-палестинскиот конфликт. Тој истакна дека Кина цврсто го поддржува формирањето на независна палестинска држава и „прифаќањето на Палестина како полноправна членка на Обединетите нации“. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан