• четврток, 26 декември 2024

Си Џинпинг испрати телеграма со сочувство до Путин поради терористичкиот напад во близина на Москва

Си Џинпинг испрати телеграма со сочувство до Путин поради терористичкиот напад во близина на Москва

Пекинг, 23 март 2024 (МИА) - Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска испрати телеграма со сочувство до рускиот претседател Владимир Путин поради терористичкиот напад во близина на Москва во кој загинаа повеќе од 60 лица, јавуваат кинеските медиуми.

„Кина се противина сите форми на тероризам, остро го осудува терористичкиот напад и ги поддржува напорите на руските власти да ја заштитат националната безбедност“, истакна кинескиот претседател во телеграмата со сочувство, пренесуваат руските медиуми повикувајќи се на кинеската централна телевизија.

Во терористичкиот напад во Москва загинаа најмалку 60 луѓе вклучувајќи и три деца, а 145 се повредени. Нападот се случи кога неидентификувани маскирани вооружени лица синоќа отворија оган во концертна сала „Крокус“ во Красногорск, административен центар на московската област.

Терористичката група Исламска држава (ИСИС) ја презеде одговорноста за нападот во Русија, се вели во кратката изјава објавена од новинската агенција Амак, поврзана со ИСИС, на Телеграм. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан