• четврток, 26 декември 2024

Си Ен Ен: Израелската војска се подготвува за евентуална анексија

Си Ен Ен: Израелската војска се подготвува за евентуална анексија
Ерусалим, 3 јуни 2020 (МИА) - Израелскиот министер за одбрана Бени Ганц му наложи на шефот на Израелските одбранбени сили (ИДФ) да ги забрза подготовките, со што се остава простор за размислување дека Владата е подготвена за евентуална најава за анексија во следните неколку недели, објави Си Ен Ен. Пораката се сфаќа како упатство за ИДФ да се подготви за можно широко распространето насилство од страна на Палестинците, како и други евентуални регионални последици, доколку Израел се одлучи за анексија на одделни делови од палестинската територија. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во текот на претходните три предизборни кампањи вети дека ќе го прошири израелскиот суверенитет врз делови на Западниот Брег, кои Израел ги зазеде во 1967 година. Таквото ветување доби целосна поддршка од САД во јануари, кога американскиот претседател Доналд Трамп го претстави планот на својата администрација за Блискиот Исток, кој предвидува Израел да ги анектира сите еврејски населби на таа територија, како и по долината на реката Јордан.
Спротивно на тоа, ставот на Ганц на изборите беше против еднострана анексија, изјавувајќи дека верува оти таквиот потег мора да се случи само со поддршка на меѓународната заедница. гт/

Остани поврзан