• сабота, 16 ноември 2024

Си Ен Ен: Директорот на Фајзер ги продаде акциите и заработи 5,6 милиони долари

Си Ен Ен: Директорот на Фајзер ги продаде акциите и заработи 5,6 милиони долари
Вашингтон, 11 ноември 2020 (МИА) - Генералниот директор на „Фајзер“, Алберт Бурла ги продаде своите акции на денот кога беше објавено дека вакцината против коронавирусот на оваа фармацевтска компанија е ефикасна 90 проценти и инкасираше 5,6 милиони долари, јави Си Ен Ен. Трансакцијата направена од директорот на Фајзер е дел од редовниот план на Бурла за периодично  продавање на своите акции. Овој пат, тој продаде 132.508 акции по цена од 41,94 долари и заработи близу 5,6 милиони долари, додава Си Ен Ен. Потпретседателката на Фајзер, Сали Сузман, исто така продаде акции во понеделникот, како дел од претходно направениот план - за 43.662 акции, таа заработи околу 1,8 милиони долари. Акциите на „Фајзер“ скокнаа за осум проценти во понеделникот, додека во вторникот не се променија. Акциите на компанијата „Бионтек“, кои работеа на вакцината со „Фајзер“, скокнаа уште повеќе, и забележаа раст од 15 проценти во понеделникот, а осум дополнителни во вторникот. Акциите на „Фајзер“ денеска паднаа за еден процент. ссм/

Остани поврзан