• среда, 27 ноември 2024

Си вети три милијарди долари за помош на земјите во развој

Си вети три милијарди долари за помош на земјите во развој
Пекинг, 21 мај 2021 (МИА) - Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска вети дека Кина ќе одвои три милијарди долари во следните три години за да им помогне на земјите во развој да се опорават од пандемијата на коронавирусот.
На Глобалниот самит за здравје на Г20, Си предложи формирање меѓународен форум за соработка за вакцините.
Тој ги повика водечките земји да сторат се што е можно вакцините да бидат подостапни за земјите во развој. паг/

Остани поврзан