• среда, 18 декември 2024

Сиљановска - Давкова: Признание за припадниците на Армијата за дисциплинираното, совесно и одговорно извршување на воените должности

Сиљановска - Давкова: Признание за припадниците на Армијата за дисциплинираното, совесно и одговорно извршување на воените должности

Скопје, 18 август 2024 (МИА) - Претседателката на државава Гордана Сиљановска - Давкова упати честитка до армиските припадници по повод Денот на Армијата.

- Признание за припадниците на Армијата за дисциплинираното, совесно и одговорно извршување на воените должности, како дома, така и во странство, преку учество во бројни мировни мисии. Армијата дава поддршка на институциите во справувањето со елементарните непогоди и со кризните состојби, како што се пожарите на територијата на целата држава, секогаш правејќи го тоа професионално и пожртвувано и поради тоа, континуирано ужива највисока доверба кај македонските граѓани, пишува во објавата на Сиљановска - Давкова на „Фејсбук“. бд/дма/

Фото: „Фејсбук“

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан