• среда, 18 декември 2024

Сиљановска Давкова не замина на отворањето на Нотр Дам во Париз поради дефект на владиниот авион

Сиљановска Давкова не замина на отворањето на Нотр Дам во Париз поради дефект на владиниот авион

Скопје,7 декември 2024 (МИА) - Претседателката Гордана Сиљановска Давкова не замина во Франција на церемонијата на отворањето на реновираната катедрала Нотр Дам во Париз, поради дефектот на владиниот авион, соопшти вечерва Кабинетот на претседателката.

-Во врска со информациите на дел од медиумите дека претседателката Гордана Сиљановска Давкова учествува на церемонијата на отворањето на реновираната катедрала Нотр Дам во Париз, Кабинетот на претседателката информира дека таа не замина во Франција, се наведува во соопштението.

Од Кабинетот на претседателката Сиљановска Давкова го информирале Кабинетот на претседателот на Франција, Емануел Макрон дека таа не е во можност да патува поради дефектот на владиниот авион со кој беше планирано да се патува во Париз. дма/

Фото:МИА архива


 

 

Остани поврзан