• среда, 25 декември 2024

Сиљановска Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Источна Република Уругвај, Алберто Антонио Родригез Гоњи

Сиљановска Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Источна Република Уругвај, Алберто Антонио Родригез Гоњи

Скопје, 18 октомври 2024 (МИА) - Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими акредитивните писма на Алберто Антонио Родригез Гоњи, новоименуваниот амбасадор на Источна Република Уругвај, со седиште во Букурешт.

На церемонијата на предавање на акредитивните писма, претседателката Сиљановска Давкова, како што соопшти нејзиниот кабинет, истакнала дека и покрај географската оддалеченост на двете држави и нивната припадност на различни региони, постои заемен интерес за посеопфатна соработка, при што посочила дека постои потенцијал за натамошно унапредување на меѓусебните односи за доброто на граѓаните на двете земји.

Претседателката изразила уверување дека во наредниот период ќе се отворат дополнителни можности за поангажирана заедничка работа во откривање нови области за соработка, како и за размена на искуства за натамошно надоградување на билатералните односи и нивно збогатување со нови содржини.

Амбасадорот Алберто Антонио Родригез Гоњи во своето обраќање ја истакнал подготвеноста и посветеноста за унапредување на билатералните односи, за јакнење на соработката во секој можен аспект, вклучително и политичките мултилатерални активности, како и соработката во економијата и трговијата, посочувајќи дека културните и контактите меѓу луѓето нудат одлични можности за заедничкото разбирање меѓу двете држави.

Претседателката Сиљановска Давкова на амбасадорот Алберто Антонио Родригез Гоњи му посакала успех во извршувањето на одговорната функција. дма/нд/

Фото: Кабинет на претседателот на Република Северна Македонија

 

 

 

 

Остани поврзан