• недела, 24 ноември 2024

Сиљановска-Давкова ја прими претседателката на ЕБОР, Одил Рено-Басо

Сиљановска-Давкова ја прими претседателката на ЕБОР, Одил Рено-Басо

Скопје, 23 јули 2024 (МИА) - Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова денеска ја примила Одил Рено-Басо, претседателка на Европската банка за обнова и развој.

Кабинетот на претседателката соопшти дека на средбата се разговарало за севкупната соработка со ЕБОР, која е главен институционален инвеститор во нашата држава, со инвестирани 2,9 милијарди евра во 190 проекти.

Претседателката Сиљановска-Давкова изразила благодарност за реализацијата на бројни инвестициски проекти, што значително придонесуваат за нашата економска инфраструктура и одржливиот развој.

Како што е наведено во соопштението, Сиљановска-Давкова ја истакнала важноста на инвестициските активности на ЕБОР по однос на поддршката на конкурентноста, зајакнување на регионалната интеграција и поддршка на приближувањето кон ЕУ, како и поддршка на транзицијата кон зелена економија преку поголема одржливост во искористување на ресурсите.

Претседателката Сиљановска Давкова ја реафирмирала подготвеноста за натамошно продлабочување на соработката, преку реализација на нови проекти, што ќе придонесе за економскиот развој и одржливостa. дма/хс/

Фото: Кабинет на Претседател на Република Северна Македонија 

Остани поврзан