• четврток, 26 декември 2024

Сијарто: Хуавеј ќе гради истражувачки центар во Будимпешта

Сијарто: Хуавеј ќе гради истражувачки центар во Будимпешта
Будимшешта, 20 октомври 2020 (МИА) - Кинеската телекомуникациска компанија Хуавеј ќе изгради истражувачки и развоен центар во Будимпешта, изјави денеска шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто. Тој истакна дека инвестицијата ќе обезбеди работни места за најмалку сто унгарски инженери. - Соработката помеѓу Унгарија и Кина е подобра од кога било. Инвестицијата претставува пресвртница во унгарското отворање кон источната стратегија, истакна Сијарто. Новиот центар ќе се фокусира на вештачката интелигенција, стриминг, обранотка нафотографии, технологија за пренос на сигнали и на големите дистрибутивни системи. - Развојниот проект ќе придонесе за дополнително зајакнување на угледот на унгарските инженерски вештини, посочи Сијарто. Тоа ќе биде трета инвестиција на Хуавеј во Унгарија. ми/

Остани поврзан