• среда, 25 декември 2024

Сите 117 избирачки места во Тетово отворени навреме, гласањето без проблеми

Сите 117 избирачки места во Тетово отворени навреме, гласањето без проблеми

Тетово, 24 април 2024 (МИА) - Во сите 117 избирачки места во рамки на Општинската изборна комисија Тетово, од 07:00 часот, почна и нормално се одвива процесот на гласање за денешните претседателски избори, информираат од општинската изборна комисија Тетово. Во Општина Тетово ќе гласаат 86.309 граѓани

- Сите 117 избирачки места кои се во надлежност на ОИК Тетово навреме се отворени. Нема пријавени никаков проблем од ни еден избирачи одбор. Се надеваме дека овој процес ќе биде така до крај да немаме никаков проблем. Иако може да се појави некој технички проблем со уредот за биометриско идентификување на гласачите но тоа при интервенција на ОИК Тетово заедно со ИТ лица ангажирани од страна на ДИК ќе се надмине, информираше Назми Даути од ОИК Тетово.

Во шесте општини на тетовскиот регион на претседателските избори можност за гласање ќе имаат 188.329 вкупно граѓани со право на глас. Своето избирачко право ќе може да го остварат на вкупно 265 избирачки места. ас/ир

 

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан