• сабота, 23 ноември 2024

Сите нови европски модели на „Нисан“ ќе бидат целосно електрични

Сите нови европски модели на „Нисан“ ќе бидат целосно електрични

Токио, 26 септември 2023 (МИА) - Автопроизводителот „Нисан мотор ко“ објави дека сите негови нови модели за пазарот на Европа ќе бидат целосно електрични и оти во иднина се планираат само електрични возила (ЕВ) на „Стариот Континент“ до 2030 година. Јапонскиот производител на автомобили соопшти дека еден од двата нови модели на електромобили што веќе ги потврди за Западот ќе биде произведен во неговата фабрика во Сандерленд, Англија.

- Сега нема враќање назад. Сите нови модели на „Нисан“ за во Европа отсега ќе бидат целосно електрични, изјави извршниот директор на Ниссан, Макото Учида.

Производителите на автомобили се жалат дека непочитувањето на „правилата за потекло“ утврдени во договорот за „Брегзит“ меѓу Велика Британија и Европската Унија може да доведе до царини од 10 отсто за електричните возила со коишто се тргува меѓу блокот и Велика Британија уште во јануари. Од друга страна, претседателот на „Нисан“ за Африка, Блискиот Исток, Индија, Европа и Океанија, Гијом Картие изјави дека електромобилите произведени во Сандерленд ќе ги исполнуваат тие правила.

Колин Вокер, шеф за транспорт во Единицата за информации за енергијата и климата (ЕЦИУ), истакна дека регулаторната сигурност е клучен елемент за компаниите да одлучат каде да произведуваат електрични возила.

Одлуката на „Нисан“, според него, се заснова на јасното сознание дека европскиот и британскиот пазар се префрлаат на електрични возила, и тоа прилиочно брзо.  си/сд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан