• недела, 24 ноември 2024

Сите десет тима во Формула 1 го потпишаа Договорот за согласност

Сите десет тима во Формула 1 го потпишаа Договорот за согласност
Лондон, 19 август 2020 (МИА) - Сите 10 екипи во Формула 1 го потпишаа Договорот за согласност, пренесува прес-службата на тркачката серија. Така, сите екипи кои учествуваат во „Кралските трки“ сега се обврзаа да продолжат да се натпреваруваат до 2025 година. Ферари, Вилијамс и Мекларен беа првите што го објавија потпишувањето на договорот, а денес се решија формалностите со останатите седум екипи во Формула 1. зс/

Остани поврзан