• среда, 25 декември 2024

Сиси разговараше со Путин за напредокот на соработката во рамките на БРИКС

Сиси разговараше со Путин за напредокот на соработката во рамките на БРИКС

Казан, 23 октомври 2024 (МИА) - Египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси за време на средбата со рускиот претседател Владимир Путин изјави дека благодарение на единството е направен чекор напред во БРИКС во интерес на сите земји членки, вклучително и во областа на трговијата.

„Го гледаме и напредокот што БРИКС го постигнува во интерес на сите негови учесници, без оглед на сите притисоци, особено во трговските односи, пред се меѓу Египет и Русија“, рече Ал-Сиси на средбата со Путин.

Од 22 до 24 октомври во Казан се одржува 16. Самит на БРИКС, клучниот настан на руското претседателство со оваа меѓудржавна алијанса. паг/

Фото: ЕПА

 

Остани поврзан