• среда, 20 ноември 2024

Сирски: Формирана е воена команда во областа Курск

Сирски: Формирана е воена команда во областа Курск

Киев, 15 август 2024 (МИА) - Со цел да се одржи редот и да се обезбедат приоритетните потреби на населението во контролираните територии во областа Курск, формирана е воена команда и назначен е нејзиниот началник генерал-мајор Москаљов, изјави врховниот командант на украинските вооружени сили Олександр Сирски.

„На територијата на областа Курск заврши потрагата и уништувањето на непријателот во градот Суџа и уште три населени места. За да се одржи редот и законот и да се обезбедат приоритетните потреби на населението на контролираните територии, формирана е воена команда и е назначен нејзиниот началник, генерал-мајор Москаљов“, додаде Сирски. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан