• среда, 25 декември 2024

Сиријци ограбени во кумановско Четирце

Сиријци ограбени во кумановско Четирце
Куманово, 1 август 2022 (МИА) - Петмина сиријци пријавиле во кумановската полиција дека биле ограбени во околината на село Четирце, соопшти денеска полицијата. Вчера, во 21:45 часот, случајот го пријавил 21 годишниот М.З.А.Г.(21) од Сирија. - Тој пријавил дека околу 18.00 часот во село Четирце, кумановско, тој и уште четири други лица, исто така од Сирија, биле физички нападнати од неколку машки лица кои им одзеле пари и други предмети, соопшти полицијата. СВР Куманово презема мерки за расчистување на случајот. ам/цр

Остани поврзан