• сабота, 23 ноември 2024

Сирија ја осуди посетата на Помпео на Голан како провокативно кршење на суверенитетот

Сирија ја осуди посетата на Помпео на Голан како провокативно кршење на суверенитетот
Дамаск, 19 ноември 2020 (МИА) - Сириската Влада попладнево ја осуди денешната посета на американскиот државен секретар, Мајк Помпео, на Голанската висорамнина, како провокативно кршење на нејзиниот суверенитет. Помпео е прв шеф на американската дипломатија кој ја посетува оваа стратешки важна точка на границата меѓу Израел и Сириоја. „Посетата на Помпео е провокативен чекор пред крајот на мандатот на американскиот претседател Доналд Трамп и флагрантно кршење на суверенитетот на Сириската Арапска Република“, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи, пренесено од државната агенција САНА. Израел го освои и анектираше Голан со војната од 1967 година, потег што не беше признат од меѓународната заедница, но САД, сепак, го признаа израелскиот суверенитет над висорамнината. Помпео ја посети областа во непосредна близина на сириската граница за време на својата проштална посета на Израел, а денеска посети и една еврејска населба во окупираниот Западен брег, како прв државен секретар на САД што тоа го сторил. сд/

Остани поврзан