• сабота, 23 ноември 2024

Сирија повторно членка на Арапската лига

Сирија повторно членка на Арапската лига

Каиро, 7 мај 2023 (МИА) - Министрите за надворешни работи на Арапската лига денеска одлучија да ја вратат Сирија во организацијата по повеќе од една деценија суспензија, објави нејзиниот портпарол.

„Одлуката е донесена на затворен состанок на министрите во седиштето на Лигата во Каиро“, изјави Гамал Рошди, портпарол на генералниот секретар на организацијата.

Членството на Сирија беше суспендирано во 2011 година по крвавото задушување на уличните протести против владеењето на Асад, кои подоцна ескалираа во граѓанска војна. Голем број арапски земји ги повлекоа своите амбасадори од Дамаск.

Неодамна, неколку арапски држави, меѓу кои Саудиска Арабија и Египет, ги обновија дипломатските односи со Сирија, но некои држави, како Катар, сè уште се против целосно нормализирање на односите со Дамаск без политичко решение на тамошниот конфликт.

Арапските држави се обидуваат да постигнат консензус дали да го поканат Асад на состанокот на Арапската лига што ќе се одржи во Ријад на 19 мај. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан