Сириската група Хајат Тахрир ал-Шам негира дека стои зад убиството на лидерот на Исламската држава
- Безбедносното крило на Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС) синоќа издаде кратко соопштение откако ИД вчера ја обвини групата за смртта на нејзиниот малку познат водач Абу ал-Хусеин ал-Хусеини ал Курајши, кој ја презеде џихадистичката организација во ноември минатата година.
Бејрут, 5 август 2023 (МИА) - Главната сириска бунтовничка група поврзана со Ал Каеда, Хајат Тахрир ал-Шам, негираше дека стои зад убиството на лидерот на Исламската држава во северозападна Сирија, велејќи дека ќе ја преземе одговорноста доколку тоа го сторила, пренесоа американските медиуими.
Безбедносното крило на Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС) синоќа издаде кратко соопштение откако ИД вчера ја обвини групата за смртта на нејзиниот малку познат водач Абу ал-Хусеин ал-Хусеини ал Курајши, кој ја презеде џихадистичката организација во ноември минатата година.
-Ние категорично го негираме ова тврдење, рече портпаролот на ХТС, Дија ал Омар.
Тој рече дека организацијата ќе продолжи да се бори против „злосторствата“ на ИД во деловите на Сирија кои се под контрола на бунтовниците.
-Ако нашата група стоеше зад смртта на Ал Кураиши, „ќе им ја дадевме добрата вест на муслиманите и директно“, додаде портпаролот.
Абу ал-Хусеин ал-Хусеини ал-Кураиши е четвртиот лидер на ИД убиен откако групата беше основана од ирачкиот милитант Абу Бакр ал-Багдади. мс/
фото: МИА архива