• среда, 25 декември 2024

Сириската армија воспостави контрола врз северозападниот дел на провинцијата Алепо

Сириската армија воспостави контрола врз северозападниот дел на провинцијата Алепо
Дамаск, 17 февруари 2020 (МИА) - Сириската армија денеска соопшти дека презела целосна контрола над десетици градови во северозападниот дел на покраината Алепо и најави продолжување на офанзивата за елиминирање на џихадистичките групи. Армијата воспостави и контрола над автопатот М5, најбрзата рута помеѓу Дамаск и градот Алепо. Со поддршка на руското воено воздухопловство, сириската армија од почетокот на годината се обидува да ги заземе руралните делови на покраината Алепо и делови од соседната покраина Идлиб, каде се наоѓаат последните бунтовнички упоришта. Иако Русија и Турција во јануари договорија за прекин на огнот  во тие области, но сириската армија со помош на своите сојузници – Русија и Иран продолжува да напредува кон Идлиб. ми/  

Остани поврзан