• сабота, 27 јули 2024

Сирени за тревога и експлозии од Лавов до Запорожје

Сирени за тревога и експлозии од Лавов до Запорожје
Киев, 4 мај 2022 (МИА) - Сирените за тревога се огласија во голем број украински градови - од Лавов на крајниот запад на земјата до Днепар, Черкаси и Запорожје на југоисток. Во последните три града се слушнале експлозии. - Еден проектил го погоди центарот на Днепар и железничката зграда, рече градоначалникот. Украинските железници соопштија дека никој не е повреден во нападот. Бегалците од фабриката за челик Азовстал во Мариупол неодамна пристигнаа во Запорожје, кој исто така е нападнат. паг/  

Остани поврзан