• петок, 27 декември 2024

Син ја усмртил мајка си со остар предмет во тетовско Селце

Син ја усмртил мајка си со остар предмет во тетовско Селце

Тетово, 8 април 2022 (МИА) - Четириесет и петгодишник од тетовското село Селце ја убил мајка си во дворот од нивната куќа користејќи остар предмет. По добиената дојава осомничениот е приведен утрово околу  8 часот и 30 минути, а се уште се утврдува времето кога е направено убиството.

-Полициски службеници на СВР Тетово, во тетовско Селце, го лишиле од слобода 45-годишниот У.Д. од ова село, кој се сомничи дека  во дворот пред семејната куќа со остар предмет ја усмртил Н.Д. неговата 73-годишна мајка.Тој е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот. Увид извршиле Јавен обвинител, екипа од СВР Тетово и лекар по судска медицина. По наредба на Јавен обвинител, безживотното тело на Н.Д. предадено е за обдукција, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

 Во текот на денов осомничениот У.Д. со соодветен поднесок ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово. ас/мд/

 

Остани поврзан