• сабота, 23 ноември 2024

Синер ја освои титулата на Ју Ес Опен

Синер ја освои титулата на Ју Ес Опен

 

Њујорк, 9 септември 2024 (МИА) – Првиот светски рекет Јаник Синер триумфираше на гренслем турнирот Ју Ес Опен, откако синоќа во финалето во Њујорк го совлада американскиот тенисер Тејлор Фриц со 6:3, 6:4, 7:5.

Италијанецот доминираше во првите два сета, а до конечниот триумф дојде со пресврт во третиот сет, во кој се врати од негатива од 3-5 во гемови.

За 23-годишниот Синер ова е втора гренслем титула во кариерата, но и во 2024 година, откако во јануари го освои Австралија Опен.

Од друга страна, 26-годишниот Фриц играше во своето прво гренслем финале во кариерата, а пред овој турнир никогаш не напредуваше подалеку од четвртфиналето. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан