• вторник, 24 декември 2024

Синер се повлече од Мастерсот во Париз

Синер се повлече од Мастерсот во Париз

Париз, 29 октомври 2024 (МИА) - Првиот светски рекет, италијанскиот тенисер Јаник Синер, поради болест нема да настапи на Мастерсот во Париз, се наведува на профилот на турнирот на социјалните мрежи.

Познато е дека причината за повлекувањето на тенисерот е стомачен вирус кој го добил пред да пристигне во Париз.

Дваесет и тригодишниот Синер изјави дека во наредните денови ќе оди на лекување, што нема да му дозволи да учествува на турнирот.

Италијанецот ќе биде заменет со Французинот Артур Казо. Тој настапите ќе ги започне од второто коло. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан