• недела, 24 ноември 2024

Синер и Фриц за титулата на Ју ЕС Опен

Синер и Фриц за титулата на Ју ЕС Опен

 

Њујорк, 7 септември 2024 (МИА) – Прворангираниот тенисер на АТП листата Јаник Синер во многу драматичен натпревар синоќа првпат се пласираше во финалето на Ју Ес Опен, а за титулата во Њујорк ќе се бори против 12. играч во светот, Американецот Тејлор Фриц.

Италијанецот Синер во драматично полуфинале триумфираше со 7-5, 7-6 (3), 6-2 против Британецот Џек Дрејпер.

Синер во текот на дуелот падна на зглобот на левата рака и мораше да интервенира лекар, но сепак го совлада британскиот аутсајдер, кој неколку пати повраќаше на теренот.

Синер во финалето ќе се соочи со 26-годишниот Фриц, кој по три часа и 18 минути беше подобар од сонародникот Френсис Тиафо со 4-6, 7-5, 4-6, 6-4, 6.-1, и за прв пат патеката во кариерата стигна до финалето на еден од турнирите од големата четворка.

В недела, Фриц ќе има шанса да стане првиот американски тенисер по Енди Родик пред 21 година, кој го освоил Ју Ес Опен. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан