• четврток, 19 декември 2024

Синдромот Кавасаки пристигна и во Албанија, го имало починатото дете од Ковид-19

Синдромот Кавасаки пристигна и во Албанија, го имало починатото дете од Ковид-19
Тирана, 21 ноември 2020(МИА) - Во Албанија, вчера, меѓу 15-те починати од Ковид-19 беше и 16- месечно бебе, јави дописничката на МИА од Тирана. Во официјалното соопштение, Министерството за здравство и социјална заштита објави детали за смртта на бебето, споменувајќи ретка болест што ја влошила состојбата на детето. Од таму потврдуваат дека детето починало како последица на Ковид-19 и оти било следено и третирано во ковид центарот во Клиниката за педијатрија, каде биле утврдени и клинички знаци на сидромот Кавасаки. -Неговата состојба се влошила во рок од 24 часа и потоа беше испратено на интензивна терапија каде што, и покрај лекувањето со целосна терапија за третман и напорите на лекарите за реанимација, не можеше да преживее, како резултат на компликација (Мултисистемски воспалителен синдром), меѓу најретките компликации што се среќаваат кај децата како резултат на Ковид -19, стои во соопштението на Министерството. Во Албанија вчера Ковид-19 беше дијагностоциран кај 836 лица, што е највиска бројка на заразени во еден ден, починаа 15 лица, исто така највиска бројка досега, додека во списокот на оздравени беа впишани 490 лица. вт/

Остани поврзан