• сабота, 27 јули 2024

Синдикат на „Еуроникел": Ќе чекаме по три плати до понеделник, ако не добиеме ќе бараме стечај

Синдикат на „Еуроникел

Кавадарци, 10 јануари 2024 (МИА) - Ќе чекаме по три плати до понеделник, ако не добиеме ќе бараме стечај бидејќи само на тој начин ќе можеме да ги добиеме платите за октомври, ноември и декември. Вака изјави денеска за МИА, Миле Ѓорѓиев, претседател на синдикалната организација во „Еуроникел индустри", поранешно ,,Фени". 

- Нашата агонија трае веќе подолго време. Ги нема веќе странските газди на фабриката. Банка доверител стана сопственик на имотот на компанијата. Печката на комбинатот не е исклучена, таа е се уште во топла состојба, се надеваме дека ќе се најде инвеститор што ќе ни ги скрати маките, рече Ѓорѓиев. 

Тој нагласи дека станува збор на некогашен гигант на кавадаречката и македонската економија, од чија судбина зависат семејствата на околу 800 вработени и многу други соработници. свд/сст/


Фото : МИА архива 

Остани поврзан