• четврток, 26 декември 2024

Синдикатот на „Еуроникел" со писмо до Комерцијална банка бара детали за иднината на фабриката 

Синдикатот на „Еуроникел

Кавадарци, 13 декември 2023 (МИА) - Синдикатот на „Еуроникел индустри" или поранешно „Фени", испрати писмо до Комерцијална банка, со барање за детали околу иднината на фабриката. Претседателот на синдикалната организација, Миле Ѓорѓиев појасни за МИА дека го испратиле писмото, со оглед на тоа што банката како претходен најголем доверител, станала сопственик на недвижниот имот и опремата на комбинатот. 

- Од претставници на банката ни беше кажано дека имаме заеднички интерес, најодговорно да се чува имотот. Банката била во сериозни преговори со заинтересиран инвеститор кој во секој момент треба да даде одговор за преземање на фабриката. Дека банката прави напори да се врати ДДВ со цел да се земе октомвриската плата. Исто така ни беше кажано дека доколку наскоро не добие банката позитивен одговор за преземање од страна на инвеститор, нејзе и се потребни околу 40 - тина луѓе за понатамошно одржување на имотот, рече Ѓорѓиев.

Затоа писмено побарале одговор, што со останатите вработени ако не се најде инвеститор. 

- Ни беше кажано дека банката од сопствени средства платила струја до 15 декември и ако има потреба дека ќе обезбеди струја за уште одреден период со цел да се зачува вредноста на нејзиниот имот, а и ние како вработени да имаме надеж дека заинтересираниот инвеститор ќе ја купи фабриката и дека ние ќе бидеме дел од неа, бидејќи без вработени што ќе му е опрема, нагласи претседателот на Синдикатот. 

Ѓорѓиев прашува што ќе се случи со останатите вработени ако не се најде инвеститор, со оглед на тоа што фабриката има околу 800 работници. 

Тој додава дека вработените немаат земено плата за октомври и ноември 2023 година, а од декември 2023 година немаат ниту здраствено осигурување.

- Бараме, како што имате обезбедено струја со цел да не дојде до обезвреднување на имотот кој имате намера да го продадете, а ние вработените да го чуваме, да се обезбедат итно средства од ваша страна да се исплати плата за октомври, а со тоа да се добие здравствено осигурување за декември. Доколку до крајот на месецот не најдете инвеститор да се обезбедат средства и за плата за месец ноември, како ние би имале здравствено осигурување за јануари 2024 година, пишуваат од Синдикатот.

Средствата кои се потребни, додаваат, може да бидат од поврат на ддв.

- Доколку не се доволни во овој момент, со инвестиција на пари од ваша страна кои вие како банка понатаму може да си ги повратите исто како што би сте си ја наплатиле и струјата која во моментот ја обезбедувате. Доколку струјата ја третирате како нешто за што вие би немале можност да го наплатите од инвеститор, нека бидат и парите за плата на таа основа, бидејќи "струјата не може без вработени да го чува имотот“, подвлекуваат од Синдикатот. 

Без здраствено осигурување, велат, не може да го чуваат имотот. 

- Во овој случај навистина не се надеваме, тука чекаме конкретна реакција од ваша страна во врска со нашето барање за здравствено осигурување, се вели во писмото од Синдикатот. свд/цр


Фото: МИА архива и писмото од Синдикатот 

Остани поврзан