• недела, 24 ноември 2024

Синдикатот во ,,Еуроникел индустри" на протести без запирање на производствениот процес, бара подобрување на социјалниот статус

Синдикатот во ,,Еуроникел индустри

Кавадарци, 12 јуни 2023 (МИА) - Синдикатот во „Еуроникел индустри" од денеска организира протести без запирање на производствениот процес, со барање за подобрување на социјалниот статус. 

Со допис, Синдикатот го известил менаџментот на работодавачот, дека оваа одлука била донесена, по одржано Собрание на синдикални членови. На Собранието, било разгледано известувањето од работодавачот, во однос на синдикалните барања. Барањата на синдикатот се однесувале на остварување на нивните работнички права и подобрување на социјалниот статус. 

- Имено, од страна на членовите на Собранието беше изразено огромно незадоволство од дадениот одговор по дадените барања кое резултираше со носење на едногласна одлука за започнување на протести без запирање на производствениот процес, со место на одржување пред капијата за влез во фабриката и тоа секој работен ден во траење од еден час, помеѓу 13 и 14 часот, се вели во дописот од Синдикатот до менаџментот на компанијата. 

Јавното изразување на незадоволство, според известувањето испратено до раководството на фабриката, ќе трае до остварување на договор за подобрување на правата на работниците, или до нова соодветна одлука на Собранието на Синдикатот. свд/вг/

 

Фото: МИА Архива

Остани поврзан