• сабота, 23 ноември 2024

Синдикатите бараат разрешување на в.д. директорот на ЈП „Водовод и канализација“

Синдикатите бараат разрешување на в.д. директорот на ЈП „Водовод и канализација“
Скопје, 21 октомври 2022 (МИА) – Директорот на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“, Марјан Митовски работи незаконски и ги крши работничките права така што ги задолжува вработените со работни обврски што не се опфатени со склучените договори за работен однос, обвинуваат од Сојузот на синдикатите на Македонија и Синдикатот СУТКОЗ. Ја повика градоначалничката Данела Арсовска, Советот на Град Скопје и Управниот одбор на ова комунално претпријатие да го разрешат в.д. директорот. - До среда им даваме рок и на Град Скопје и на Советот. Понатаму ќе преземеме мерки со тоа што најверојатно ќе штрајкуваме, а блокадата на ова претпријатие е неминовна, изјави денеска претседателот на ССМ Дарко Димовски.   На прес - конференцијата пред зградата на ЈП „Водовод и канализација“, Димовски рече дека имале средба со раководството на претпријатието, но дека таа завршила без ефект. -Ние се сретнавме со директорот Митовски. Неговата директорка по правни прашања го советуваше дека ова што го прави е исправно, иако убаво е напишано дека е неисправно за вчера вработените да добијат пораки да не подлегнуваат на индокринацијата од таканаречените заштитиници на човекови права, во спротивно раководството ќе биде принудено да донесе нова систематизација со рационализација на работните места. Не може директор да биде магационер, да се задолжуваат нашите работници да извршуваат плус работни задачи на место кое не е предвидено во договорот за работа, не може хидроинженери да се праќаат по чуварски куќички и препумпени станици, не може возачи на специјални возила да ни седат во базата и да не работат ништо затоа што не му се допаѓале на в. д директорот Марјан Митовски, потенцира Димовски. Случајот, како што соопшти Димовски, е пријавен до Државниот управен инспекторат и до Државниот трудов инспекторат. свс/бак/

Остани поврзан