• петок, 25 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Сингапур го распушти Парламентот и се подготвува за избори

Сингапур го распушти Парламентот и се подготвува за избори

Сингапур, 15 април 2025 (МИА) – Парламентот на Сингапур е распуштен, со што се отвори патот за одржување на нови општи избори, на кои владејачката Партија на народната акција (ПНА) ќе се обиде да ја зацврсти својата доминантна позиција под водство на премиерот Лоренс Вонг.

Се очекува Министерството за избори попладнево да го соопшти точниот датум за изборите. 

Лоренс Вонг положи заклетва како четврти премиер на Сингапур во мај минатата година, наследувајќи го Ли Сјен Лун, кој по две децении се повлече од функцијата. Со неговото заминување завршува династијата на Ли, започната од неговиот татко Ли Куан Ју – првиот лидер на независен Сингапур, кој за 31 година го трансформираше од колонијална трговска испостава во една од најбогатите држави во светот.

Вонг се надева на посилна победа во однос на изборите во 2020 година, кога ПНА загуби неколку места во корист на опозицијата, поради растечко незадоволство кај гласачите.

За да им се доближи на помладите и критички настроени избирачи, Вонг започна иницијатива наречена „Напред за Сингапур“, чија цел е граѓаните да дадат свој придонес во обликувањето на поинклузивна, поурамнотежена и подинамична визија за иднината.

– Важно е кој ја води земјата, особено во време на економска несигурност, изјави Вонг, потенцирајќи го влијанието на американските царини врз глобалната трговија. ссм/

фото: ЕПА архива

Остани поврзан