• четврток, 26 декември 2024

Синагогата во Берлин нападната со Молотови коктели во текот на ноќта

Синагогата во Берлин нападната со  Молотови коктели во текот на ноќта

Берлин, 18 октомври 2023 (МИА) - Синагогата во Берлин била нападната со молотови коктели, соопшти германската полиција.

Тоа се случува кога антисемитските инциденти во германскиот главен град се зголемуваат по насилната ескалација на Блискиот Исток.

Заедницата Кахал Адас Џисроел вели дека нивната синагога во населбата Мите во градот била нападната утрово со два молотови коктела. Во комплексот во центарот на Берлин се сместени синагога, детска градинка и центар на заедницата.

Полицијата, исто така, соопшти дека во текот на ноќта имало немири меѓу муслиманските имигранти и полицијата во градските населби Нојкоелн и Кројцберг и кај Бранденбуршка порта во Берлин, во кои се повредени неколку полицајци.

Германската полиција ја зголеми безбедноста на еврејските институции во Берлин и на други места по нападите на Хамас врз Израел. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан