• понеделник, 29 јули 2024

Симулациска вежба за евакуација на ученици по сообраќајна незгода и предизвикан пожар

Симулациска вежба за евакуација на ученици по сообраќајна незгода и предизвикан пожар

Струга, 18 мај 2023 (МИА) - „Евакуација на ученици по случена собраќајна незгода и предизвикан пожар“ беше тема на денешната симулациска вежба на општинската организација на Црвениот крст - Струга во соработка со полицијата, пожарната и Општата болница.

Вежбата се одвиваше во дворот на средните училишта на „Ибрахим Темо“ и „Нико Нестор“. Волонтерите од Црвен крст со два тима симулираа реанимација, како и изгореници од настанат пожар, спасување и евакуација на повредени лица во школски автобус по случена сообраќајка.

Активностите, според секретарот на Струшкиот Црвен крст, Адуриме Даути, се по повод Светскиот ден на Црвен крст и Црвена полумесечина - 8 мај и во пресрет на Денот на пожарникарите - 20 мај.

- Целта на вежбата е проверка на процедурите за евакуација во работната организација, како и успешниот настап од пожарникарите, кои го подготвија теренот за пристап на волонтерите на Црвен крст, истакна Даути. сс/дма/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан