Симулациска вежба за вонредни состојби ќе се одржи утре и задутре на Меѓународниот Аеродром Скопје
- Во организација на Министерството за внатрешни работи и ТАВ Македонија утре и задутре (8 и 9 март) на Меѓународниот Аеродром Скопје ќе се одржи симулациска вежба за вонредни состојби.

Скопје, 7 март 2025 (МИА) - Во организација на Министерството за внатрешни работи и ТАВ Македонија утре и задутре (8 и 9 март) на Меѓународниот Аеродром Скопје ќе се одржи симулациска вежба за вонредни состојби.
-Апелираме до граѓаните кои ќе се најдат во близина на одвивањето на вежбата да ги почитуваат наредбите од полициските службеници со цел безбедно одвивање на сообраќајот или јавниот ред и мир, соопштија од МВР. ев/са/
ФОТО: Архива