• недела, 27 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Симулациска вежба за брза евакуација и однесување во кризни ситуации во Битола

Симулациска вежба за брза евакуација и однесување во кризни ситуации во Битола

Битола, 3 април 2025 (МИА) - Полициски службеници од СВР Битола во соработка со Општинската организација на Црвен крст, Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) како и екипа на Итна медицинска помош, одржаа симулациска вежба за брза евакуација и однесување во кризни ситуации.

Од СВР-Битола соопштија дека вежбата на тема „Начин на однесување во кризни ситуации“ се одржа во основното училиште „Стив Наумов“ во Битола и со цел учениците да се запознаат со начините и протоколите на однесување во кризни ситуации.
Основците од ООУ „Стив Наумов“ од стручни лица се здобија со конкретни информации и насоки за начините на евакуација од пожар, совладување на паниката и безбедно и организирано евакуирање од училиштето во претпоставена ситуација.мт/са/

Фото: СВР-Битола

Остани поврзан