• четврток, 19 декември 2024

Симптоми на „скриен“ Омикрон

Симптоми на „скриен“ Омикрон
Лондон, 8 февруари 2022 (МИА) – Вртоглавица и постојан замор може да се знаци на „скриената“ верзија на Омикрон, пишува британскиот весник „Мирор“, повикувајќи се на Националната здравствена служба (НХС) на Англија. Како што пренесе Бгнес, според докторката Анџелика Коци, заморот и болките во мускулите често се показатели за овој тип на САРС-КоВ-2. Вртоглавица е исто така меѓу вообичаените симптоми на мутацијата BA. 2 Некои од овие знаци може да се појават и исчезнат во текот на денот, велат лекарите. Доколку се упорни или многу интензивни, пациентот треба да се консултира со специјалист. Агенцијата за здравствени услуги на Обединетото Кралство (UKHSA) веќе го идентификуваше BA. 2, нов тип на Омикрон, како регистрирана варијанта. BA. 2 се нарекува „скриен“ затоа што во лабораторија е тешко да се разликува од оригиналниот BA. 1. Сепак, ПЦР тестовите и брзите антигенски тестови се несомнено позитивни кај оние кои се заразени со оваа варијанта на SARS-CoV-2. јт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан